Македонија
4. August 2016 - 10:52

Прегазен пешак во Скопје - Возачот избегал

Возач на автомобил BMW, утрово прегазил пешак на бул. „АСНОМ“ во Скопје во близина на мостот „Близнак“ по што избегал.
 
Од СВР Скопје информираат дека сообраќајната незгода се случила утрово во 8.20 часот.
 
Пешакот со повреди е пренесен во болницата „8.Септември“, а полицијата се уште врши увид на местото на настанот.