Македонија
30. December 2019 - 15:56

Прегазен пешак во Македонија

Во 16.45 часот на локалниот пат кај село Лисичани, кичевско, патничко возило „фолксваген тигуан“, со странски регистарски ознаки, управувано од 47-годишниот Џ.Д. од село Лисичани, удрило во пешакот Р.И.(68) од истото село.

Во незгодата пешакот Р.И. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Медицински центар Кичево за укажување на лекарска помош.