Македонија
30. March 2016 - 13:11

Прегазен пешак во Гостивар -Починал на пат кон Скопје

Седумдесет и деветгодишн гостиварец почина изутрина по удар од автомобил на улица „Беличица“ пред мостот на Вардар во Гостивар.

Од СВР Тетово информираат дека во сообраќајната несреќа се случила утрово околу 6 часот учествувале патничко возило „Сеат ибица“ со гостиварски регистерски таблици, кое го управувал Ш.С. (29) од гостиварското село  Беловиште и пешакот Љ.С.

- Од удираот пешакот се здобил тешки телесни повреди и во животно загорзувачка состојба бил во гостиварската болница и по укажаната лекарска помош, итно е упатен на скопските клиники. На пат за Скопје за жал им подлегнал наповредите, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

На местото на настанот увид извршиле Јавен обвинител и екипа од Полициската станица Гостивар, а при тоа обезбеден е возачот и возилото за вештачење. Се очекува во текот на денот по наредба на обвинителот над безживотното тело на Љ.С. да се изврши обдукција.

Во гостиварската полиција работат на утврдување на причината за несреќата.