Прегазен пешак во Гостивар -Починал на пат кон Скопје
Седумдесет и деветгодишн гостиварец почина изутрина по удар од автомобил на улица „Беличица“ пред мостот на Вардар во Гостивар.
Од СВР Тетово информираат дека во сообраќајната несреќа се случила утрово околу 6 часот учествувале патничко возило „Сеат ибица“ со гостиварски регистерски таблици, кое го управувал Ш.С. (29) од гостиварското село Беловиште и пешакот Љ.С.
- Од удираот пешакот се здобил тешки телесни повреди и во животно загорзувачка состојба бил во гостиварската болница и по укажаната лекарска помош, итно е упатен на скопските клиники. На пат за Скопје за жал им подлегнал наповредите, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.
На местото на настанот увид извршиле Јавен обвинител и екипа од Полициската станица Гостивар, а при тоа обезбеден е возачот и возилото за вештачење. Се очекува во текот на денот по наредба на обвинителот над безживотното тело на Љ.С. да се изврши обдукција.
Во гостиварската полиција работат на утврдување на причината за несреќата.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација