Предупредување: Наместо разладување - топлотен бран
Според најавата на метео-алармот од Управата за хидрометеоролошки работи, во текот на утрешниот ден (четврток) територијата на целата држава ќе биде зафатена со температури од жолта (алертна) фаза, соопштија од Министерството за здравство.
Поради тоа граѓаните од целата држава потребно е да ги почитуваат општите препораки за заштита од високите температури, како што се: заштита од директна сончева изложеност, избегнување престој на отворено во периодот од 11 до 17 часот, носење светла и лесна облека, консумирање лесна храна и течности, а особено да се внимава при подготовката и консумирањето на храната.
На хронично болните лица се препорачува редовно да ја земаат пропишаната терапија.
Информации за топлотните бранови континуирано се дистрибуираат на интернет страната www.toplotnibranovi.mk.
Ново на Сител
-
Вооружен грабеж во продавница на Градски стадион - уапсени две лица
-
Мерки притвор
-
Хаос и караници на вонредната седница на советот на Град Скопје
-
Тема на денот со Борче Треновски
-
Коцевски му одговори на премиерот
-
Отпочна со работа Флекс Брокер, третата компанија во Флекс Групацијата
-
Кредит за фирмите
-
Пренатрупаност во затворите