Бизнис
12. November 2018 - 16:04

Предлог Буџетот за 2019-та е најголем буџет од осамостојувањето, долгот ќе расте

Државата во 2019 планира да порошо рекордни 3,7 милијарди евра. Предлог буџетот за идната година денеска беше претставен пред јавноста.

Според документот, ќе бидат собрани 3,4 милијарди евра. Дефицитот ќе изнесува 2,5% од БДП, а ќе се финансира од домашно и странско задолжување. Ова значи дека долгот и натаму ќе расте.

Растот во 2019 е проектиран на 3,2% ќе го движат потрошувачката, извозот и инветсициите. Владата амбициозно прокетира 417 милини евра за капитални пркети во услови кога годинва е најслаба реализацијата на државните инвестиции.

Од септемрви ќе има повиоски плати за сите буџетари 5%. Дополнително лераите специјалисти ќе добијат плус 10% покачување уште во јануари 2019. Синдикатите од образование бараат и наставниците да добијат поголемо покачување затоа што во моментов нивните плати се под државниот просек.

Невработеноста е планирано да се намали на 20%, а за таа цел Владата со 17,8 милиони евра ќе финансира мерки за вработување кои треба да обезбедат квалификуван кадар. Бизнис секторот бара да биде активно вклучен во креирањето на овие мерки. 

За додина буџетот предвидува пари за зелена нафта за земјоделците кои годинава изостанаа, а за субвенции за аграрот ќе отидат 138 милиони евра или 11 % повеќе од годинава.