Македонија
21. August 2018 - 8:58

„Предели” и дело од „Скалила кон рајот“ од Љупчо Бојаров во Музејот на Град Скопје

Во Музејот на Град Скопје вечер во 20 часот свечено ќе биде затворена самостојната изложба „Предели“ на ликовниот уметник Љупчо Бојаров. 

На изложбата која беше поставена на 10 август се преставени избор од 26 слики масло на платно, дела изработени во периодот од 1985 до 2018 година на тема „Предели”.

ЉУПЧО БОЈАРОВ 3

Изложено е и дело од циклусот „Скалила кон рајот“ составено од 99 мали објекти изработени во бакар, стакла и кварцни камчиња земени од брегот на манастирот Ивирон на Света Гора, местото на кое Богородица првпат стапнала на Атос. Овие дела објекти ќе им бидат подарени на дамите кои ќе ја посетат изложбата. Ова, како што вели Бојаров, го прави од почит кон нив бидејќи е познато дека на жените не им е дозволено да ја посетат Света Гора.

ЉУПЧО БОЈАРОВ 1

Љупчо Бојаров (Скопје, 1959) завршил училиште за применета уметност во Скопје во 1978 година, дипломирал на Факултетот за ликовни уметности во Скопје во 1984 година, од кога е и член на Друштвото на ликовни уметници-ДЛУМ. 

ЉУПЧО БОЈАРОВ 2

Добитник е на 11 домашни и меѓународни награди. Самостојни изложби имал во Македонија, Србија, Шведска и Црна Гора, а се претставил и на 126 групни изложби во Македонија, Србија, Црна Гора, Чешка, Унгарија, Словачка, Шведска, Шпанија, Велика Британија, Франција, САД, Грција, Египет, Италија и Бугарија. хс/са/08:00

ЉУПЧО БОЈАРОВ 4