Македонија
6. September 2019 - 8:46

Предавање за сајбер безбедноста во ООУ „Петар Поп Арсов“

Во ООУ „Петар Поп Арсов“ во скопската општина Карпош, денеска ќе се одржи предавање за сајбер безбедност, што е дел од серијата аткивности поврзани со јакнење на капацитетите и подигнување на свеста во областа на сајбер безбедноста од страна на Министерството за информатичко општество и администрација.

Предавачи ќе бидат др. Марија Ѓошева, началник на отсек за истраги на интернет и електронско плаќање во Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика во МВР и Матеј Плавевски, дел од победничкиот тим на тинејџери од Северна Македонија кои добија глобално признание за иновативно решение за спречување на насилството.