-->
-->
Пред стартот на ЕП за кошаркари до 18 години: Македонските јуниори подобри од Англија
-->
Јуниорската кошаркарска репрезентација на Македонија ја совлаад соодветната селекција на Англија во контролен (неофицијален) меч одигран попладнево во Скопје.
На натпреварот во салата „Градски парк’’ репрезентацијата на Македонија за играчи до 18 години беше подобра од Англија со 65-52. Инаку, на овој натпревар беа одиграни три наместо четири периоди, а по периоди резултатот се гласеше 26:19, 16:13 и 23:20.
Тројца македонски кошаркари средбата ја завршија со двоцифрен број на поени: Ранко Мамузиќ 12, Леон Тодоровски 11 и Мартин Георгиевски 10, додека Елвис Хот, Александар Јанев и Дамјан Крстевски постигнаа по 8 поени.
За избраниците на Американецот Клифор Елис, кој ја има улогата на селектор на македонската репрезентација, ова беше последната контрола пред стартот на натпревароте во Б дивизијата на Европското првенство кое започнува утре, а ќе се одржува во Скопје.
Нашата селекција на ЕП ќе игра во А групата, во која за противници црвено-жолтите ќе ги имаат и репрезентациите на: Бугарија, Ирска, Унгарија, Полска и Кипар.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Приватните специјализанти од понеделник се селат пред здравство
-
Стартува кампањата за парламентарните избори
-
Уште 5 дена кампања за претседателските избори
-
Преглед на вестите од светот
-
Претседателски избори
-
Тема на денот со Ненад Марковиќ, универзитетски професор
-
Владата одлучи: Деновите за гласање ќе бидат неработни за сите
-
Партиите потпишуваа кодекс за фер и демократски парламентарни избори