Балкан
5. September 2018 - 8:44

Пред натпреварот Албанија-Израел, Американскиот стејт департмент ги предупреди своите граѓани на внимателност

Во пресрет на фудбалскиот натпревар Албанија-Израел, американскиот Стејт департмент ги предупреди на поголема внимателност своите граѓани кои престојуваат во Албанија.

- На седми септември 2018 година(петок) во 20:45 часот на стадионот во Елбасан ќе се одигра фудбалски натпревар меѓу националните репрезентации на Албанија и Израел. Иако немаме сознанија за какви било специфични закани кон американските државјани, ги повикуваме да бидат внимателни пред и во текот на натпреварот, стои во предупредувањето на Американскиот стејт департмент, објавено на Твитер.

Фудбалскиот натпревар Албанија-Израел се игра во рамки на Лига на народите.

Фудбалските екипи на двете држави последниот натпревар го имаа на 16 ноември 2016 година, исто така на стадионот во Елбасан а за безбедноста се грижеа над две илјади полициски службеници, припадници на специјалната полициска единица „Ренеа“ и единицата за брза интервенција.

За безбедноста на израелската делегација во хотелот каде што престојуваа, освен полицијата беа ангажирани и припадници на Националната града на Албанија.

Првично натпреварот требаше да се одигра на стадионот во северниот град Скадар, но по апсењето на албански и косовски џихадисти, по добиените инфромации од израелската тајна служба, Мосад, дека планирале терористички напад врз израелските фудбалери, одлучено беше истиот да се одригра на стадионот во Елбасан.