Свет
25. April 2018 - 9:12

Пред Ким Трамп ќе има важен состанок: Самитот на САД и Јужна Кореја во средината на мај

Пред средбата на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун со американскиот претседател Доналд Трамп, неименуван јужнокорејски претставник изјави дека најверојатно ќе има Самит на Јужна Кореја и САД во средината на мај.

Јужнокорејската претседателска палата  Сина куќа соопшти дека јужнокорејскиот претседател Мун Џае-ин и Трамп телефонски ќе разговараат по завршувањето на Самитот на двете Кореи в петок.

Трамп претходно најаци дека со Ким најверојатно ќе се сретне во мај или на почетокот од јуни.