Македонија
15. February 2020 - 15:10

Пред домот во Струга нашол рачна бомба од Втора светска војна

На 13.02.2020 околу 20.10 часот во Полициската станица Струга, С.С.(54) од Струга пријавил дека на земјен пат пред неговиот дом на ул.„Едвард Кардељ“ забележал неексплодирана рачна бомба од Втората светска војна.

На 14.02.2020 бил извршен увид, а бомбата била безбедно подигната од овластено лице од Дирекцијата за заштита и спасување за понатамошна постапка.