Џет-Сет
4. April 2017 - 19:47

Пред 10 години победи на „Ѕвезде гранда“, сите мислет дека пропаднал, а тој прави нешто што никој не го направил

Кога пред 10 години се појави на јавната сцена, за Душан Свилар сите имаа еден коментар- дека е вонвременски пејач. Меѓутоа, никогаш не бил склон кон скандалите, аферите и она што го прават повеќето негови колеги, па така пополека се повлече и од јавноста.

Денес, сите мислат дека тој нигде не пее и не заработува, но вистината за него е сосема поинаква.

Покрај школувањето, Душан работи напорно, а земјите во кои често настапува е Русија. Бидејќи тој не настапува по клубови, туку само на концерти, неговата заработка е дупла за разлика од останатите.

Најверојатно и своето школување ќе го продолжи во Русија, каде што ќе добива стипендија, бидејќи тие сметаат дека тенор како него не се појавил 15 години.