Балкан
2. December 2018 - 14:33

Пратениците на Српска листа се затворија во косовското Собранието каде ќе го чекаат Хан

Пратениците од  Српска листа влегоа во собранието на Косово во Приштина и таму ќе останат до доаѓањето на европскиот комесар, Јоханес Хан, чија посета е закажана за утре.

Тоа го рече претседателот на Кризниот штаб на Српска листа, Горан Ракиќ по состанокот на овој информативен орган.

– Нашите легитимни претставници ќе го запознаат Хан и Европа со анти-српксите потези кои водат кон хуманитарна катастрофа, рече Ракиќ.

Тој додаде дека политичките претставници на Србите во Приштина денес легитимно и демократски се борат за тоа српските деца на КиМ да имаат право на живот, храна и иднина.

– Целиот српски народ ќе биде заедно со нашите пратеници кои се борат за нашата иднина, а нивната борба значи живот, вели Ракиќ.