Македонија
7. July 2017 - 10:32

Пратеничката Хадри ќе учествува на конференција во Талин

Пратеничката Шпреса Хадри од 9 до 11 јули ќе учествува на конференција на претседателите на комисиите за европски прашања на државите членки на ЕУ - КОСАК, која ќе се одржи во рамки на естонското претседавање со ЕУ, во Талин.

На КОСАК-конференцијата, соопшти собраниската прес-служба, ќе бидат презентирани програмата и приоритетите на естонското претседавање со Советот на ЕУ, од страна на премиерот на Естонија, Јури Ратас, а ќе се расправа и за други ЕУ актуелни прашања.