Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ достави барање до Ковачевски за итно разрешување на Азири
Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата денеска достави писмо до премиерот Димитар Ковачевски со барање за остра и брза реакција и итно започнување и разрешување на државниот секретар во Министерството за култура Валмир Азири.
На прес-конференцијата пред Владата, координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски рече дека пратениците како директни претставници и застапници на граѓаните во законодавниот дом ја бираат Владата, а токму Владата ги назначува своите владини функционери.
– Овој владин функционер вчера повикуваше на физичко насилство со нанесување на тешки телесни повреди и ова е кривично дело според членот 394-г од Кривичниот законик, дело со кое што се предвидува казна затвор од една до пет години. Токму поради тоа и поради сериозноста на овој инцидент, а и траорноста на вчерашниот ден за демократијата во Република Македонија, дојдовме и лично го поднесовме барањето за остра реакција од претседателот на Владата Димитар Ковачевски, од кој што се бара брза реакција бидејќи само на тој начин ќе покаже дека е противник на повиците за физичко насилство врз народните избраници и ќе упати силна порака до сите дека ова повеќе не смее да се повтори, нагласи Мицевски.
Во спротивно, како што рече, „доколку одлучи да молчи, само ќе докаже и покаже дека охрабрува и дека одобрува секаков вид на насилство и насилничко однесување“.
– На потег е Владата и на потег е премиерот Димитар Ковачевски, заклучи Мицевски.
Ново на Сител
-
“Скапи” честитки за родители чии деца се невакцинирани согласно календарот
-
Ден на Републиката
-
Политичките партии со реакции по вчерашното дивеење низ Скопје
-
МВР постапува за сквернавењето на знамето
-
Во Македонија има над 140.000 кучиња миленици
-
Патот Кичево – Охрид клучен за развој на охридскиот бизнис
-
Штип во борба со корупцијата
-
Преглед на вестите од светот