Бизнис
24. April 2018 - 19:46

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ бара укинување на дополнителната акциза од 3,5 денари за литар

ВМРО ДПМНЕ ќе бара укинување на акцизата за дизелот. Пратеничката група на најголемата опозициска партија ќе прелдожи акцизата од 3,5 денари која беше воведена од Нова година да се укине затоа што е голем товар и за граѓаните из а стопанството. Цената на дизелот постојано оди нагоре и е зголемена од 46 на 60 денари од почетокот на владеењето на СДСМ, велат од ВМРО ДПМНЕ.  Од таму повикаа пратениците од влста да покажат сенс за потребите на макеоднската економија затоа што зголемената акциза се рефлектира на останатите производи.

     Би сакал само една паралела да направам а тоа е дека секој еден граѓанин на Македонија чие што возило вози на дизел пред една година, пред оваа влада одеше на бензинска пумпа и го полнеше резервоарот за 1.500 денари. Сега истото полнење на истиот резервоар со оваа влада, е околу 2.000 денари. Значи секој граѓанин, одењето на бензинска пумпа полнењето на резервоарот поради политиките штетни на Зоран Заев и Тевдовски, ги чини дополнителни 500 денари. Да не зборувам за камионџиите, кои што полнат и кои што трошат многу поголеми средства или пак автобуските превозници.

Од МФ денеска не ја коментираат иницијативата на опозицијата. Од почетокот на годината од акцизи во буџетот се слеале 57 милиони евра, а до крајот на огдината треба да се соберат над 400 милиони. Од оваа сума 30 милиони евра ќе бидат од зголемената акциза.