Живот
14. July 2017 - 15:33

Прашина од Месечината ќе се најде на аукција

Примерок од прашината што првиот човек кој стапна на Месечината, Нил Армстронг ја донесе од Земјиниот сателит се нуди на продажба во њујоршката аукциска куќа „Сотби“ и се очекува дека тој симбол на славните денови на американската вселенска програма да достигне цена меѓу два и четири милиони долари.

Тоа е една од 180 работи поврзани со патувањето во Вселената, што „Сотби“ ќе ги понуди на аукција на 20 јули во чест на 48-годишнината од првото слетување на Месечината во 1969 година.

Прашината е првиот примерок од Месечината во историјата.

На аукцијата ќе биде понудена и фотографија на вториот човек што стапна на Месечината, Едвин Олдрин, кој се проценува меѓу 3.000 и 5.000 долари.