ПП Левица: Додека народот осиромашува банките се искачуваат на SEE TOP 100 листата
Погубните економски политики на социјал-демократите продолжуваат да го продлабочуваат јазот помеѓу богатите и сиромашните. Додека народот се соочува со нови трошоци и поскапувања, приходите на банките ескалираат и тие се искачуваат на меѓународните листи на најголеми компании.
На ранг листата на SEE TOP 100 во Југоисточна Европа се најдоа Комерцијална Банка АД на 46-то место, Стопанска Банка АД Скопје на 51-во место, НЛБ Банка на 54-то место, Халк банка АД на 67-мо место и Шпаркасе Банка на 69-то место. Компанијата ,,Џонсон Мети" се искачи на 30-то место со вкупен приход од 2 447,3 милиони евра, а за прв пат на листата се најде и ОКТА АД со вкупен приход од 976,3 милиони евра.
Потсетуваме дека владејачкото мнозинство претходно го одби антипровизорскиот закон кој го поднесоа пратениците на Левица, чија цел беше намалување на екстрапрофитите на банките кои ги остваруваат преку т.н. некаматни приходи, а неосновано ги наплаќаат од граѓаните и од фирмите. Во услови на економска неизвесност, енергетска криза и сè уште високи стапки на инфлација, кои ги разјадуваат личните примања и ја ограничуваат побарувачката, најголемите компании во Македонија покажуваат извонредна издржливост.
Левица, од позиција на власт, законски ќе го ограничи делувањето на банките (кои профитираат од сиромаштијата на народот) и прогресивно ќе ги оданочи супер-профитите на најголемите компании. Економијата може да биде стабилна за граѓаните, но само ако не се дозволи приватниот капитал незауздано да ги експлоатира трудот и сиромаштијата на работниците.
Со почит,
Сектор за медиуми и односи со јавност на ПП Левица
Ново на Сител
-
Тројца уапсени по расистички навреди кон Ламин Јамал
-
ОЈО Тетово поведе истражна постапка против 51-годишник, поради оружје и муниција
-
Уапсен 65 годишен струмичанец, поради пронајдена дрога
-
Неверојатниот Кејн собори рекорд во Бундеслигата
-
Приватните превозници од понеделник се вклучуваат во сообраќај, но не со целиот капацитет
-
Финализиран проектот за обука за финансиски истраги, поддржан од Владата на Обединетото Кралство
-
Приведен косовец, пронајдени седум мигранти на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка
-
Претрес во Велес, пронајдена дрога