Македонија
6. August 2017 - 17:03

Познато кој го подметнал пожарот на Матка

Пожарот на Матка кој беснееше со денови е подметнат од малолетник кој веќе и е познат на полицијата.

Од МВР велат дека малолетникот ќе биде санкциониран, објави ТВ 21.

Пламените јазици опустошија мешана шума и гореше цели  три дена, а во моментов има активни уште неколку пожари.