Балкан
1. August 2016 - 10:35

Познатиот пејач кој загина во сообраќајка, зад себе остави три деца

 
На гробиштата во Борча вчера бил одржан петгодишен помен на легендарниот музичар Љубиша Стојановиќ - Луис, кој на 31.јули 2011 година трагично настрада во сообраќајна несреќа. 
 
Силвана Стојановиќ, сопругата на настраданиот пејач, со кој има три деца, Андреја (12), Сергеј (10) и Ела Миту (8), ја отвори душата за српски Курир и открила што преживеала во последните пет години. 
 
- Секоја година на денешен ден се собираме најблиските и зборуваме за Луис, се потсетуваме на сите убави моменти кои ги поминавме со него. За овие пет години, откако тој не е со нас, имаше многу тешки периоди, но тоа е се позади нас. Многу патевме, дури имавме и егзистенцијални проблеми, зборува сопсугата на Луис. 
Таа вели дека по смртта на Луис морала да совлада многу предизвици и во повеќето случаеви успеала. 
 
- Кога сега некој ќе ме праша како сум, вистинскиот одговор би бил: Пет години би требало да застанеме на нозе и да се собереме. Сега држиме градинка, правевме пауза од две години, а од минатата година повторно работи. Полека се составуваме и се доаѓа на свое место. Најважно е што не се сопнав на тој пат и останав со здрав разум поради нашите деца. Претходно ми беше смешно кога некој ќе кажеше времето лекува се, но навистина, времето ви дава можност да се стаблизирате, но никогаш нема да го прежалите, раскажува Силвана.