Кошарка
18. September 2016 - 11:04

Познати учесниците на Евробаскет 2017

По завршувањето на последното 6.коло во квалификациите познати се сите репрезентации кои ќе учествуваат на Европското првенство 2017 година кое ќе се игра во Турција, Романија, Финска и Израел.

Македонија ја прекина низата настапи на евро-шампионатите, а од нашата група пласман на Евробаскет обезбедија Унгарија и Велика Британија. Покрај нив преку квалификациите настап на ЕП обезбедија и Белгија, Исланд, Германија, Русија, Полска, Словенија, Украина, Грузија и Црна Гора.

Овие 11 селекции, заедно со четирите земји домаќини и најквалитетните европски селекции како што се Шпанија, Србија, Литванија, Хрватска, Франција, Грција, Латвија, Чешка и Италија ја даваат бројката од 24 учеснички.

Евробаскет 2017 ќе се одржи од 31 август до 17 септември , а извлекувањето на групите е закажано за 22 ноември во Истанбул оваа година.

Резултати на натпреварите од 6.коло:
А група: Исланд - Белгија 74:68, Кипар - Швајцарија 92:78.
Табела: Белгија 11 бодови, Исланд 10, Кипар 8, Швајцарија 7.
Б група: Холандија - Германија 51:82, Данска - Австрија 86:72.
Табела: Германија 10, Холандија 10, Австрија 8, Данска 8.
Ц група: Русија - Шведска 63:59. БиХ слободна.
Табела: Русија 8, БиХ 6, Шведска 4.
Д група: Португалија - Белорусија 77:62, Естонија - Полска 63:94.
Табела: Полска 11, Естонија 9, Белорусија 9, Португалија 6.
Е група: Украина - Словенија 69:80, Косово - Бугарија 62:67.
Табела: Словенија 12, Украина 10, Бугарија 8, Косово 6.
Ф група: Албанија - Словачка 72:65, Црна Гора - Грузија 84:90.
Табела: Грузија 11Црна Гора 11, Словачка 7, Албанија 7.
Г група: Унгарија - Македонија 63:61, Луксембург - Велика Британија 82:75.
Табела: Унгарија 12, Велика Британија 9, Македонија 8, Луксембург 6.