Тенис
6. March 2016 - 9:50

Познати три четвртфиналисти во Дејвис купот

 
Тениските репрезентации на Франција, Италија и на САД обезбедија пласман во четвртфиналето на Дејвис купот откако во мечевите од 1.коло ги совладаа своите ривали односно стигнаа до третиот поен.
Американците тоа го направија со денешната победа над Австралија и четвртиот меч, откако по вториот ден водеа со 2:1. Франција води против Канада на домашен терен со 3:0 и во следната рунда ќе игра со победникот од дуелот Германија – Чешка. Италија има предност од 3:0 против Швајцарија и во следната рунда го чека подобриот од дуелот Аргентина – Полска.
На другите шест мечеви резултатот е 2:1 и денешните сингл дуели ќе го дадат победникот. Единствено Велика Британија води дома со Јапонија, додека на другите дуели предност имаат гостите: Србија – Казахстан 1:2, Полска – Аргентина 1:2, Германија – Чешка 1:2 и Белгија – Хрватска 1:2.