Фудбал
18. November 2015 - 0:04

Познати сите 24 земји учеснички на ЕП 2016

 
Откако Шведска и Украина синоќа обезбедија пласман на Европското фудбалско првенмство 2016-та во Франција, познати се сите 24 земји учеснички на евро-шампионатот. 
 
На првенството кое ќе се игра од 10 јуни до 10 јули 2016, покрај домаќинот Франција, ќе учествуваат и: Англија, Чешка, Исланд, Австрија, Северна Ирска, Португалија, Шпанија, Швајцарија, Италија, Белгија, Велс, Романија, Албанија, Германија, Полска, Русија, Словачка, Хрватска, Турција, Унгарија, Република Ирска, Шведска и Украина. 
 
Ждрепката за групите (шест по четири репрезентации) ќе се одржи на 12 декември во Париз.