Спорт плус
30. јуни 2022 - 10:37

Познати полуфиналните двојки на СП во ватерполо

На Светското првенство во водени спортови што се одржува во Будимпешта познати се четирите селекции кои ќе се борат за медалите на ватерполо турнирот во машка конкуренција. 
 
Во дербито од четвртфиналната рунда Хрватска ја надигра Србија со 14-12 и закажа дуел во полуфиналето со Шпанија, која беше подобра од Црна Гора минимално со 7-6. 
 
На разочарување на домаќините Унгарците, минимален пораз претрпеа нивните ватерполисти кои беа совладани од Италија со 11-10, па Азурите во полуфиналето ќе играат против Грција која со 16-11 ја победи селекцијата на САД. 
 
Кои селекции ќе играат во големото финале, а кои ќе се борат за бронзата, ќе дознаеме утре, за кога се закажани полуфиналните средби. 
 
Денеска пак дамите ги играат полуфиналните дуели, а во нив се среќаваат Италија – САД и Холандија – Унгарија.