Фудбал
6. јуни 2017 - 0:26

Познати можните противници на Вардар во квалификациите за Лигата на шампиони

 
 
Познати се можните противници на македонскиот првак  Вардар во второто квалификациско коло за Лигата на шампиони. 
 
Легија Варшава е најквалитетен тим според коефициентот на УЕФА со кој може да се соочат вардарци. 
 
Од поатрактивните можни противници на црвено црните го издвојуваме српскиот шампион Партизан, а останатите конкуренти на Вардар би биле: Жилина (Словачка), Жалгирис (Литванија), Дандлак (Република Ирска), Дуделанж (Луксембург), Кукеши (Албанија), Хонвед (Унгарија). , Будуќност (Црна Гора) и Зрињски (Босна и Херцеговија).
 
Вардарци противникот ќе го дознаат на извлекувањето закажано за 19 јуни, а натпреварите ќе се играат на 11/12 и 18/19 јули.