Loading Video...
Тенис
4. August 2019 - 16:17

Познати финалистите на турнирите во Вашингтон и Сан Хозе

 
 
На американско тло, актуелни се тениските турнири кои се играат како увертира на последниот Гред-слем годинава „УС Опен“. 
 
На АТП турнирот во Вашингтон, во финалето ќе играат Ник Киргијос и Данил Медведев. 
 
Во полуфиналето, контроверзниот Киргиос по голема борба го совлада Гркот, Циципас со 2:1 добивајчи го решавачкиот трет сет во тај-брејк со 9-7 на поени. 
 
Русинот, Медведев со идентични 6-2 ги доби двата сета во мечот со Германецот, Питер Гојовчик
 
Во Сан Хозе каде пак играат дамите во финалето ќе се сретнат Белорусинката, Сабаленка и Женг од Кина. 
 
2-та носителка на овој турнир инаку 10-та на ВТА листата Сабаленка во два сета (6-4 и 6-3) ја победи Хрватската, Векиќ, додека Женг која е дури 55-та на ранг листата, неочекувано лесно ја совлада Марија Сакари која беше седмо рангирана на овој турнир.