Loading Video...
Тенис
8. January 2020 - 15:54

Познати четвртфиналните двојки за АТП Купот

 
Со одигрувањето на денешните дуелите од третата рунда по групи, познати се сите осум тениски селекции кои ќе играат во четвртфиналето на првото издание на АТП купот што се одржува во три австралиски града. 
 
Од групата А, тоа е селекциите на Србија која денеска со 2-1 го совлада Чиле, па со максимални три победи се пласира меѓу осумте најдобри изборија, иато како и Шпанците кои до третиот триумф во Б групата стигнаа со победата над Јапонците со 3-0. 
 
Во директната пресметка за првото место во Е групата, Аргентина со 2-1 ја победи Хрватска, па „Гаучосите“ обезбедија четвртфинале во кои за противник ќе ја имаат селекцијата на Русија која беше прво пласирана во Д групата. 
 
Претходно пласман во првата нокаут рунда, која ќе се игра во Сиднеј, обезбедија Велика Британија и Австралија (како победници во Ц и Ф групите) , селекции кои ќе играат меѓусебно во четвртфиналето.
 
Меѓу осумте кои продолжуваат понатаму се и тенисерите на Белгија и Канада, кои завршија како најдобри второ рангирани во севкупната конкуренција.
 
 Белгијците, во четвртфиналето ќе се сретнат со Шпанците, а Србите  ќе игра против Канаѓаните.