Џет-Сет
28. July 2015 - 11:51

Познат пејач од „Гранд“ и неговата сопруга доживеаа страшна несреќа

 
Пејачот од „Гранд“ Саша Капор, неговата сопруга, колешката Николина Ковач и синот Николај, преживејаа сообраќајна несреќа, кога од патот паднале во реката
Дрина. Капор наводно за да избегне судар со комбе, свртил на страна и паднале во реката, а локалните рибари веднаш дотрчале да им дадат помош.
„Детето кое беше врзано на своето седиште, вриштеше а татко му и мајка му се бореа да го извлечат. За среќа прозорецот беше отворен“, раскажуваат очевидци.