Познат македонски новинар приведен, ја претепал сопругата
Познат македонски новинар и сопственик на портал, поради семејно насилство бил приведен во полиција, дознава „Нетпрес“.
Тој физички ја нападнал својата сопруга, вчера, во семејниот дом во Скопје. А, пак, ден претходно, новинарот пријавил во полиција дека тој бил нападнат од сопругата.
Семејното насилство, неофицијално, било пријавено од соседите, при што набргу по дојавата, во домот на брачниот пар пристигнале полициски службеници, кои всушност и самите биле сведоци на немилиот настан што се одвивал во присуство на нивното малолетно дете.
Од полицијата за „Нетпрес“ го потврдија случајот.
„На 16.01.2019 година во СВР-Скопје околу 23.07 часот С.И.(38) пријавил дека физички бил нападнат од сопругата М.Л.И.(25), која употребила и нож, во стан во Скопје. На 17.01.2019 околу 02 часот М.Л.И. пријавила дека била физички нападната од С.И., кој употребил и нож во стан во Скопје. Се работи на расчистување на случајот, по што ќе бидат поднесени соодветни поднесоци“, информираа од полиција.
Ново на Сител
-
Ненад Димитријевиќ прогласен за МВП во ВТБ лигата
-
Од денеска поскапува регистрацијата на возилата
-
Мета: Победата на професорката Давкова ќе биде уште поубедлива
-
Протести во Венеција против туристичката такса - Судир на полицијата со демонстрантите
-
Кривична пријава за жител на Росоман за посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи
-
Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него
-
Во германските продавници пронајдени се над сто килограми кокаин во пратките со банани
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар