Познат идентитетот на загинатите момчиња во трагичната сообраќајка
Три момчиња на возраст од 17 и 20 години од Богданци загинаа во вчерашната сообраќајна несреќа на патот Гевгелија-Богданци, кај месноста викана Шарен мост. Причините за несреќата сè уште не се познати, а најверојатно станува збор за директен судир меѓу два автомобили.
Министерството за внатрешни работи соопшти дека сообраќајката се случила вчера во 14 и 30 часот, помеѓу автомобил „ауди“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Б.Џ. (20) од Богданци и „форд фиеста“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од Љ.П. (40) од Кавадарци.
На самото место починале К.П.Ѓ. (17) и М.Ш. (20), двајцата од Богданци, сопатници од „аудито“, а возачот Б.Џ. починал во болница по неколку часа од несреќата, пишува Телеграф.мк
Возачот на „фордот“ се здобил со телесни повреди и бил пренесен во Јавна здравствена установа Кавадарци.
Ново на Сител
-
Пристигнаа првите резултати од изборите во Хрватска: ХДЗ освои 58 мандати, СДП и партнерите 44
-
Уапсен 33-годишен скопјанец, истепал полицајци во полициска станица
-
Истепан вработен на ЕВН во Глумово
-
Џафери славеше роденден, семејството го изненади со торта во Владата | ВИДЕО
-
Скопјанец ја истепал поранешната девојка и ѝ го украл накитот
-
24 годишник со „ренџ ровер“ се обидел да прегази полицајци
-
Полицајци одзеле канти со поликолор на момчиња кои пишувале графит
-
Избоден затвореник во прилепскиот затвор