Македонија
11. March 2017 - 12:56

Познат идентитетот на загинатите момчиња во трагичната сообраќајка

Три момчиња на возраст од 17 и 20 години од Богданци загинаа во вчерашната сообраќајна несреќа на патот Гевгелија-Богданци, кај месноста викана Шарен мост. Причините за несреќата сè уште не се познати, а најверојатно станува збор за директен судир меѓу два автомобили.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека сообраќајката се случила вчера во 14 и 30 часот, помеѓу автомобил „ауди“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Б.Џ. (20) од Богданци и „форд фиеста“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од  Љ.П. (40) од Кавадарци.

На самото место починале К.П.Ѓ. (17) и М.Ш. (20), двајцата од Богданци, сопатници од „аудито“, а возачот Б.Џ. починал во болница по неколку часа од несреќата, пишува Телеграф.мк

Возачот на „фордот“ се здобил со телесни повреди и бил пренесен во Јавна здравствена установа Кавадарци.