Македонија
11. July 2016 - 18:33

Познат идентитетот на загинатиот на автопатот Велес-Скопје

Триесет годишниот скопјанец Зенун Л. е лицето кое денес го загуби животот во сообраќајна несреќа која се случи на автопатот Велес-Скопје, дознава Курир.

Како што претходно објавивме, Зенун управувајќи автомобил „БМВ“ излетал од високиот мост и паднал во провалија кај местот Ајдучка Чешма, по што починал на лице место.
 
Во автомобилот скопјанецот бил сам.
 
Полициски екипи на местото на несреќата извршиле увид.