Македонија
30. August 2016 - 12:54

Познат идентитетот на загинатиот мотоциклист на Водно

Дваесет и две годишниот скопјанец Дарко К. е момчето кое вчера го загуби животот во тешка сообраќајна несреќа што се случи на потегот помеѓу Средно Водно и училиштето Кочо Рацин.

Сообраќајката во која едно лице го загуби животот, се случила во 23:15 минути на локалниот пат Скопје-Средно Водно.

Во несреќата учествувал мотоцикл марка „Сузуки 750“ со скопски регистарски таблици, управуван од граѓанин на Скопје, роден 1994 година, истиот со мотоциклот удрил во метални еластични браници при што го загубил животот.