Македонија
5. September 2021 - 16:44

Пожарот на Галичица во критична фаза, локалната власт бара безбеден начин за гасење, опозицијата обвинува за негрижа

Сртот на планината Галичица и натаму во пламен .Во националниот парк има пожар веќе една недела но  како што вела од Центарот за управување со кризи засега не постои  можност од делување на терен со човечки ресурс и гаснење со хеликоптери поради непристапноста на теренот и опасноста од големиот број на експлозивни средтства и направи.

Додевски од спасителната панинарска служба пак вели дека опожарен е и дел од строго заштитената зона од паркот кој претставува опасност за ендемичните растителени и животински видови.

Од ВМРО-ДПМНЕ реагираат на односот на надлежните кон пожарот кој една недела беснее на Галичица.

 (Каде е Георгиески додека е загрозен Националниот парк? Од справувањето со пожарот не видовме дури ни тековно и навремено информирање стои во соопштението.

Георгиевски пак најави дека денеска со спуштањето на пожарот во подолните делови на Галичица има услови за ангажирање на хелкоптери кои се на терен и ќе вршат гаснење на пожарот.

Поради опасноста од активирање на неексплодираните убојни средства надлежните очекуваат и дождот  да помогне во гаснењето на пожарот.