Македонија
22. March 2017 - 22:15

Пожарните итаат кон Сарај, се запали автобус полн со патници

Возачите кои вечерва се движат по автопатот Скопје - Тетово се сведоци на сцена која ужаснува, објави Телеграф.мк.

Имено, на патот може да се забележи патнички автобус, кој е речиси целосно опожарен.

Од фотографиите, може да се забележи дека на местото на настанот се присутни и пожарникарски и полициски екипи, а по сè изгледа гасењето на пожарот што го зафатил автобусот и натаму трае.

Засега, нема информации за причините поради кои се запалил патничкиот автобус, како и за тоа дали во оваа несреќа има и повредени лица.

Повеќе информации за настанот најверојатно ќе се знаат во текот на утрешниот ден.

Извор: Телеграф.мк