Loading Video...
Свет
23. August 2019 - 21:24

Пожарите во Амазон ги скараа Макрон и Болсонаро

Францускиот и бразилсскиот претседател се скараа за шумските пожари во Амазон.

Макрон вели дека се работи за меѓународен проблем. Горат белите дробови на планетата и за ова треба сериозно да се разговара на престојниот самит на Г7.

За Болсонаро тоа е отворено мешање во бразилскиот суверенитет. Тие земји, кои што испраќаат овде пари, не го прават тоа од милосрдие. Тие испраќаат пари за да се мешаат во нашиот суверенитет“, изјави претседателот на Бразил, Жаир Болсонаро.

Ситуацијата е аларманта. Активни се над 10 000 пожари во бразилскиот дел од Амазон. Се забележува дека Амазон претрпел загуба со забрзана стапка поради омекната политика за животната средина   која ја спроведува Болсаноро за разлика од неговите претходници. Но Болсонаро како виновници ги посочи локалните групи за заштита на животната средина но и земјоделци кои расчистуваат земјиште за нови обработливи површини.

Пораки за спас на Амазон и брзо гаснење на пожарите преку социјалните мрежи побараа познати светски спортисти и актери.