Македонија
8. August 2017 - 16:45

Пожарите се под контрола и нема простор за паника

Состојбата со пожарите во Македонија е под целосна контрола, тврди директорот на Дирекцијата за заштита и спасување. Активни и натаму се пожарите во Македонски брод кај селото Волче и место викано Сува Гора, но нема опасност од нивно проширување. Гори и во селата  Дрен и Смолари, а нов пожар од утрово е регистриран во Катланово, кај селото Градманци. Гори нискостеблеста шума, а на терен се екипи на Македонски шуми и хеликоптерите на ДЗС.

Активен е уште еден пожар кој избега кон границата со Косово во село Грачане, а гори нискостеблеста шума и очекуваме до крајот на денот целосно да биде изгасен, истакна Салиу.

Еден од главните проблеми на Дирекцијата за заштита и спасување во летниот период е и недостаокот од обучен кадар, особено пилоти, за што Салиу најаваи дека  ќе бара помош од Владата за распишување на нови огласи.

Во гаснењето на пожарите од утре ќе бидат вклучени и два авиони од Израел од каде е пристигната помош и во обучен персонал. Надлежните апелираат граѓаните посебно да внимаваат при движење на отворено, да не користат запаливи материи и да не се фрлаат отпушоци од цигари. На силча и натаму е забраната за движење во шуми за што се пропишани и високи казни.