Пожари во Калифорнија: Петмина загинати, 10 илјади пожарникари на терен, илјадници евакуирани
Најмалку пет лица загинаа, а десетици илјадници луѓе се принудени да ги напуштат своите домови во заливското подрачје Сан Франциско, каде беснеат десетици пожари предизвикани од над 11.000 молњи.
Во пожарите кои ја зафатија Северна Калифорнија загинаа најмалку пет лица, од кои три во округот Напа, едно во округот Солано, а загина и еден пилот кој од хеликоптер ги гаснеше пожарите. Најмалку две лица се сметаат за исчезнати, а повредени се повеќе од 30 жители и пожарникари.
Гувернерот на Калифорнија Гавин Њусом, по посетата на евакуацискиот центар во Ватсонвил рече дека пожарите се јасен показател за климатските промени.
– Ако ги негирате климатските промени, дојдете во Калифорнија, порача Њусом.
Во Калифорнија во моментов беснеат десетици големи пожари, кои уништија над 150 објекти, меѓу кои и семејни куќи, а загрозени се 50.000 домови. На терен се повеќе од 10 илјади пожарникари, од кои дел се со продолжени смени до 72 часа.
Во Калифорнија веќе една седмица има рекордни температури, а во неделата, во Долината на смртта, беа измерени рекордни 54,4 Целзиусови степени.
Истовремено, земјата е погодена и од најлошите бури во последните 20 години. Неделава околу 11 илјади молњи предизвикаа 370 пожари.
Државниот парк Биг Басен Редвудс, најстариот државен парк во Калифорнија со стебла на секвоја стари до 2.000 години, претрпе сериозни оштетувања на историските згради, соопшти управата на паркот.
Ново на Сител
-
Ковачевски од Демир Капија: СДСМ и Коалицијата се единствена опција за европска иднина на државата
-
Силен земјотрес ја стресе Турција
-
Покрај отстапката на властите сите локални избори да бидат на 2 јуни, опозицијата се уште без став дали ќе излезе на избори
-
Николоски: На овие избори се одлучува дали Али Ахмети ќе продолжи да газдува со Македонија
-
За 3 дена во странствo ќе заработам како за 3 години тука | Ана Марија Јанковиќ | Sitel Podcast 027
-
Дачиќ за Бујар Османи: Интересно е дека Пендаровски не бил информиран за резолуцијата за Сребреница
-
Столтенберг: НАТО работи на испраќање повеќе ПВО системи во Украина
-
Бислими: Српската страна не нуди идеи за решавање на проблемот на употребата на динарот на Косово