Балкан
10. September 2016 - 21:16

Пожари на грчкиот остров Тасос, евакуирани две села

На грчкиот остров Тасос денеска горат четири пожари поради што се евакуирани две села, јавуваат локалните медиуми.

Во гаснење на пожарите учествуваат 106 пожарникари од Кавала и Елефтерупол со 37 возила.

Евакуирани се селата Принос Казавити и Свети Пантелејмон, додека постои опасност од проширување на пожарите, пренесува сајтот „Грик репортерс“.