Свет
11. May 2016 - 15:51

Пожар во трговски центар во Берлин

Во голем трговски центар во Берлин, специјализиран за виетнамска стока, денеска изби пожар.

Пожарникарите ги предупредуваат граѓаните да ги држат вратите и прозорците затворени.

Пожарот изби утрово во трговскиот центар „Донг Ксуан“ во источниот дел на Берлин.

Се претпоставува дека немало никој во центарот од 7.000 метри квадратни кога избил пожарот.

Во гаснењето на огнот ангажирани се 150 пожарникарски камиони и други возила.