Македонија
23. January 2017 - 10:04

Пожар во Супер Тинекс на „Борис Трајковски“

Пожар избувна утрово во објектот на Супер Тинекс лоциран на булевар „Борис Трајковски“ во Кисела Вода.

Според информациите од Противпожарната бригада, пожарот избувнал во деловен простор во Супер Тинекс. Направена е материјална штета.

Интервенирале три противпожарни возила и пожарот е изгаснат.