Македонија
27. February 2018 - 10:08

Пожар во стан во Чаир, повредени нема

Пожар избувнал синоќа во стан на улица „Павле Илиќ“ цо скопски Чаир, сопственост на шеесетгодишниот Б.Р.. Во пожарот нема повредени.

Министерството за внатрешни работи информира дека пожарот бил пријавен во 20:40 часот во Единицата за информации и команда.  Бригадата за противопожарна заштита интервенирала и пожарот бил изгаснат во 21:30 часот.

Се преземаат мерки за утврдување на причините за пожарот.