Пожар во Штип - Повредени нема
Пожар изби во зградата на старото Нервно одделение во Штип кадешто привремено се сместени семејства од социјално ранливите категории, главно од ромската заедница. Во пожарот нема повредени лица.
Командирот на Територијалната противпожарна единица во Штип, Благоја Ренџов изјави дека пожарот е пријавен во 4:45 часот утринава кога е забележано дека гори кровот на зградата.
- Веднаш интервениравме со четири противпожарни возила и 12 пожарникари. Комплетно се изгорени седум простории, а седум успеавме да ги спасиме. За среќа, нема повредени лица од семејствата коишто се сместени во оваа зграда, истакна Ренџов.
Интервенцијата траела до 12 часот, а по извршениот увид од страна на полициските службеници ќе се утврди кои се причините што го предизвикале пожарот.
Ново на Сител
-
Во БиХ уапсени три лица кои барале пари за информација за исчезнатото девојче во Србија
-
Продолжуваат предизборните коалицирања
-
Марш на трансродовите лица
-
Во Собранието седница на Комисијата за одбрана и безбедност
-
Најмалку 38 лица загинаа во израелските напади врз сирискиот град Алепо
-
Над 20 луѓе повредени во сообраќајна несреќа во Германија
-
Мериленд доби помош од 60 милиони долари по уривањето на мостот во Балтимор
-
Сончево и топло со мала локална облачност