Македонија
5. May 2021 - 12:32

Пожар во Штип

Во пожар во Штип, изгоре продавница за прехрамбени продукти и две кровни конструкции на соседни два деловни објекти. Пожарот избувнал рано наутро околу 5 и 30 минути, а се претпоставува дека е предизвикан од запален отпушок од цигара. 

- На лице место се излезени 5 пожарникари со две возила, а во 6 часот е побарано помош од следната смена и на лице место заминаа уште 4 пожарникари со уште едно возило. Пожарот беше целосно локализиран во 7 и 30 часот, изјави Тони Ѓеоргиев, пожарникар ТППЕ-Штип.

Сепак сопственичката, која во ввреме на избувнување на пожарот била во дуќанот, смета дека пожарникарската интервенција била задоцнета, поради што е предизвикана голема материјална штета.

- Ги повикав во 5 и 35. Шест пати јас звонев, исто толку и еднио и другиот сосед. Дојдоа дури после 6, 05. Додека дојдоа пламенот почна да гори и целиот дуќан изгоре, изјави Кефает Пашова, сопственичка.

На лице место е излезена екипа од крим техника, која ќе ја утврди причината за пожарот, а дополонително ќе се утврди и висината на маетријалната штета.