Македонија
27. January 2017 - 13:31

Пожар во подрум од куќа во Кавадарци, повредени нема

Пожар избувна денеска во подрум од куќа во центарот на Кавадарци, повредени лица нема. Командирот на Територијалната противпожарна единица Илчо Богевски информира дека интервенирале со две возила и седум пожарникари, а на помош им дошле и по едно возило со по двајца пожарникари од неготинската противпожарна единица и компаниите „Кожувчанка” и „Фени”.

- Среќа во несреќа е тоа што не дозволивме пожарот да се прошири на останатите делови од куќата и други објекти, нагласи Богевски.

Дополнително ќе се утврдува висината на настанатата штета.