Свет
1. February 2018 - 11:22

Пожар во патнички авион предизвика страв и паника кај патниците, еве од што пламна

Пожар изби во руски патнички авион по слетувањето во Волгоград. Според првичните информации причина за пожарот е таблет што се запалил.

На видео-снимката направена од еден од патниците во авионот, што од Москва слета во Волгоград, се гледа оган под седиштата, а патниците се обидуваат да го изгаснат со вода.

Огнот беше изгаснат од стјуардесата.

Патникот чиј таблет се запали им се извини на сопатниците.