Македонија
17. November 2017 - 12:38

Пожар во куќа во кумановската населба „Перо Чичо“

Изгоре дел од куќа во пожар што избувна претпладнево во Куманово, информира Територијалната противпожарна единица од Куманово.

Предниот дел од куќата бил направен од дрво и греди, а пожарот бил пријавен во 10:30 часот. Опожарената куќа се наоѓа на улицата „Трајко Прокопиев“ во кумановската населба „Перо Чичо“.

- Интервенираше противпожарна екипа со едно противпожарно возило. Пожарот, навреме е пријавен и изгаснат за скоро два часа, изјави командирот на ТППЕ, Дејан Илиевски.

На местото на настанот излезена е и увидна екипа од СВР Куманово, по што ќе се утврди причината за пожарот и ќе се процени материјалната штета