Македонија
28. August 2017 - 14:49

Пожар во куќа во Кавадарци, нема повредени

Пожар избувна денеска во куќа на улицата „Димката Ангелов-Габерот" во Кавадарци.

Според информациите од командирот на Територијалната противпожарна единица Илчо Богевски, пожарот го зафатил подрумскиот дел од објектот.

- Една просторија е изгорена, а другите се опожарени и исчадени. На лице место интервениравме со две противпожарни возила и тројца пожарникари. На помош ни дојдоа и две лица со едно противпожарно возило од компанијата „Кожувчанка", рече Богевски.

Дополнително ќе се утврдуваат причините за пожарот и висината на материјалната штета.