Свет
26. July 2015 - 8:45

Пожар во хотелот „Космополитен“ во Лас Вегас

Две лица се повредени во пожар кој избувна вчера во еден од најголемите хотели во американскиот град Лас Вегас - „Космополитен“.

Едниот од повредените бил веднаш префрлен во болница, а на другиот му е укажана помош на самото место. Гостите во хотелот биле веднаш евакуирани од безбедносни причини.

Пожарот се случил на 14-от кат од хотелот, каде што се наоѓа базен.

На местото на инцидентот пристигнале 110 пожарникарски возила и за еден час огнот бил изгаснат.

Во пожарот изгорел дрвениот под околу базенот и вештачките дрвја. Засега не е позната причината за пожарот.